Министерот Мисајловски во посета на Првиот пешадиски баталјон

misajlovski-bataljon-4.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Денеска Министерот за одбрана Владо Мисајловски во придружба на Заменикот на Началникот на Генералштабот, генерал мајор Азим Нуредин, командантот на Командата за операции, бригаден генерал Бесник Емини и командантот на 1. пешадиска бригада, бригаден генерал Дејан Чиплаковски ги посетија припадниците во касарната ,,Чеде Филиповски – Даме’’ во Кичево каде што е лоциран 1. пешадиски баталјон.


За време на посетата министерот Мисајловски од страна на командант на 1. пешадиска баталјон потполковник Зоранчо Ристовски беше брифиран за мисијата, задачите, и одговорностите на единицата како и за ангажманот на припадниците на овој баталјон во мировните мисии, вежби и поддршка на други институции.

Министерот Мисајловски пред присутните потенцира дека во наредниот период ќе се посвети поголемо внимание на опремување на капацитетите за потребите на 1. пешадиски баталјон.

Во рамки на денешната посета од страна на припадниците беше извршена и презентација на дел од опремата на 1. пешадиски баталјон.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK