Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, во соработка со УСАИД организираше презентација на стратешките приоритети и идни планови на министерството за дигитална трансформација пред меѓународните партнери и меѓународната заедница.
Министерот на потенцијалните проектни донатори на самиот почеток од средбата, им се заблагодари за континуираната поддршка која ја даваат на земјата, потенцирајќи ја важноста со која придонесуваат за развојот на државата.
Андоновски со присутните ја сподели својата визија за Македонија, која ја гледа како земја во која дигиталните иновации го зајакнуваат секој граѓанин, ја поттикнуваат антикорупцијата, привлекуваат странски инвестиции и поттикнуваат одржливо и правично дигитално општество.
Тој додаде и дека негова главна мисија е во 4-годишниот мандат да ја води македонската дигитална трансформација преку иновативни политики, стратешки инвестиции како и партнерства за соработка, зајакнување на граѓаните, бизнисите и институциите со дигитални алатки и знаење, поттикнувајќи технолошки напредно, инклузивно и општество без корупција.