Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија страшна трага на уништување од Романија до Полска, со тони кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и на крајот од драмата во срцето на Европа, сметките за штети ќе се мерат во милијарди долари.
Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Брзески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите, принудувајќи ги жителите да минуваат низ водата до половината или да бараат засолниште на покривите на зградите.
Германија им дојде на помош на Полјаците. Тоа беше можност за примеси на хумор во инаку незавидна ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите.
“If you see German soldiers, don’t panic. They’re here to help,” says Polish PM @donaldtusk after announcing that German troops were volunteering to help tackle the floods in Poland pic.twitter.com/h8XwO2egG3
— Daniel Tilles (@danieltilles1) September 19, 2024
„Ако видите германски војници, не паничете. Дојдоа да помогнат“, рече тој.
Инвазијата на Полска од страна на германските војници на 1 септември 1939 година се смета за почеток на Втората светска војна.
За време на германската окупација, 6 милиони Полјаци ги загубија животите, а повеќе од илјада села и градови беа срамнети со земја.