Маж од Кочанско почина на Инфективна поради компликации од Западно-нилска треска

141579094_251446289686548_7210717615527246155_n-1-800x600.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

78-годишен маж од општината Чешиново-Облешево, Кочани почина на 16 септември на Клиниката за инфективни болести поради компликации од вирусот на Западно-нилска треска, извести Институтот за јавно здравје.


Според податоците на ИЈЗ тој е четврт случај годинава и е пријавен на 12 септември.

„Од страна на Одделението за вирусологија при ИЈЗ, Одделот за епидемиологија на заразни болести беше информиран за случај со Западно-нилска треска преку добиена Пријава за изолиран/докажан причинител доставена на ден 12.09.2024 година. Одделот за епидемиологија на заразни болести веднаш го информира надлежниот епидемиолог во ЦЈЗ Кочани. Регистрираниот случај е 78-годишно машко лице од општина Чешиново-Облешево, Кочани“, информираше ИЈЗ.

„Првичните симптоми кај пациентот започнале на 09.09.2024 со намален апетит, малаксаност и покачена температура до 39°C. Поради појава на вознемиреност, агресивност, афазија и губиток на свест, пациентот на 10.09.2024 година со возило од ИМП Кочани е пратен во КБ Штип каде биле спроведени дијагностички невролошки процедури. Поради тешката состојба на пациентот и дијагностициран енцефалитис, во текот на истиот ден е упатен за УК за инфективни болести и фебрилни состојби Скопје (КИБФС). Земени се примероци за микробиолошки анализи на повеќе причинители.

Со серолошко испитување е добиен податок за присуство на антитела кон причинителот – WNV од вирусолошката лабораторија при ИЈЗ во серум и ликвор, односно потврдено е заболувањето Западно-нилска треска.

Поради влошената состојба на пациентот и покрај поставување на кислородна маска и дадена терапија за стабилизирање на состојбата, пациентот егзитирал на 16.09.2024 за време на хоспитализација при КИБФС“, соопшти ИЈЗ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK