(Видео) Полскиот премиер: Ако видите германски војници, не паничете, дојдоа да помогнат

tusk-pres.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Најлошите поплави што ја погодија централна Европа во најмалку две децении оставија трага на уништување од Романија до Полска, со кал и урнатини во градовите, уништени мостови, потопени автомобили и оставајќи ги властите и луѓето со сметки за штети кои ќе се мерат во милијарди долари, пишува агенцијата Ројтерс.



Градовите јужно од Вроцлав, како што е Левин Брзески, веќе ја почувствуваа целата сила на поплавите, принудувајќи ги жителите да минуваат низ водата до половината или да бараат засолниште на покривите на влезовите на станбените блокови.

Германија се понуди да им помогне на Полјаците. Тоа беше можност за примеси на хумор во инаку незавидна ситуација. Така полскиот премиер Доналд Туск на хумористичен начин го најави доаѓањето на германски доброволци и војници, кои ќе им помогнат на Полјаците во санирањето на последиците од поплавите.

„Ако видите германски војници, не паничете. Тие дојдоа да помогнат“, рече тој.

Инвазијата на Полска од страна на германските војници на 1 септември 1939 година се смета за почеток на Втората светска војна.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK