Израелски бизнисмен обвинет за заговор за атентат врз Нетанјаху: „Иран стои зад се“

netanjahu.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Израелската разузнавачка агенција Шин Бет денеска објави дека обвинила израелски бизнисмен за заговор за атентат врз Бенјамин Нетанјаху.


Според тврдењата на агенцијата, човекот планирал да ги убие министерот за одбрана Јоав Галант и шефот на Шин Бет Ронен Бар, а планот бил развиен од разузнавачките агенции во Иран. Осомничениот, наводно, двапати го посетил Иран – во мај и август – и за тие средби добил 5.000 евра.

„Шин Бет“ соопшти дека на човекот му било наредено да преземе финансиски, логистички и активности поврзани со оружје како дел од планот.

Мажот беше уапсен минатиот месец под сомнение дека „извршил безбедносни прекршувања поврзани со контакт со разузнавачки елементи на иранскиот режим“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK