„Ирански хакери краделе информации за кампањата на Трамп и ги испраќале до луѓето на Бајден“

tramp45.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ирански сајбер актери испратија е-пошта во текот на летото до луѓе вклучени во тогашната кампањата за реизбор на американскиот претседател Џо Бајден, кои содржеа украден изборен материјал од кандидатот Доналд Трамп, во обид да влијаат на претседателските избори.


„Понатаму, иранските злонамерни сајбер актери продолжија со своите напори од јуни да испратат украдени, нејавен материјал поврзан со кампањата на поранешниот претседател Трамп до американските медиумски организации“, се вели во заедничката изјава на ФБИ, Агенцијата за сајбер безбедност и инфраструктура и Канцеларијата на директорот на националното разузнавање.

Агенциите не соопштуваат дополнителни детали за карактерот на украдениот материјал.

Иран претходно негираше дека се меша во американските избори. Постојаната мисија на Иран во ОН во Њујорк не одговори веднаш на барањето за коментар во средата.

Во август, Соединетите Држави го обвинија Иран дека започнал сајбер операции против кампањите на двајцата кандидати за претседател на САД и дека ја таргетира американската јавност со „операции за влијание“ за поттикнување политички раздор.

Злонамерните сајбер актери испратиле несакани е-пошта до поединци во кампањата на Бајден кон крајот на јуни и почетокот на јули, кои содржеле извадоци од украден материјал од кампањата на Трамп, се вели во вчерашното соопштение.

Бајден се откажа од трката за Белата куќа на 21 јули, а потоа беше заменет од потпретседателката Камала Харис како кандидат на демократите.

Кампањата на Трамп рече дека Харис и Бајден треба да откријат дали го користеле хакираниот материјал „за да му наштетат“ на претседателот Трамп.

„Немаме сознанија за каков било материјал кој е директно испратен до кампањата. Личните мејлови на неколку поединци изгледаа како обиди за спам или фишинг“, се вели во соопштението на портпаролот на кампањата на Харис.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK