(Видео) Сопругата на Сергеј Трифуновиќ: Не сакаа да кажат зошто го уапсија, само го одведоа

Screenshot-2024-09-19-065252.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сопругата на Сергеј Трифуновиќ, Исидора Мијановиќ од Риека раскажа што се случило на граничниот премин Бајаково каде актерот беше уапсен во вторникот околу полноќ.


„Кога ја минавме српската граница и влеговме во Хрватска, веднаш го уапсија. Ситуацијата беше апсурдна. Излеговме од автомобилот, само ни рекоа дека има проблем и дека наскоро ќе дојде колега да објасни. Мислев дека ќе се реши за неколку минути. Нивниот колега, граничен чувар, се приближи и рече: ‘Морам да те уапсам’. Мислев дека е шега, но набрзо сфатив дека не е“, тврди Исидора.

„Сергеј веднаш сакаше да повика адвокат, но тие му забранија да го стори тоа иако не беше уапсен. Во тој момент се одвоив од нив на метар или два и повикав адвокат. Тие му ставија лисици на Сергеј и го однесоа во непознато место. Заминав со нив и таму почнува агонијата од 2 и пол часа.

Не сакаа да кажат зошто го уапсиле. Голема непријатност од страна на полициските службеници.

Нему му беше забранет влез во ЕУ поради неговите објави на Инстаграм. Тоа беше готово, а сега има нешто ново. Вчера дознавме дека се работи за фотографија што ја сподели на социјалните мрежи, па ја избриша“, додаде Исидора за Нова С.

Сергеј Трифуновиќ е уапсен во вторник околу полноќ на граничниот премин Бајаково додека преминувал од Србија кон Хрватска. Потоа бил спроведен во Општинскиот суд за прекршоци во Сплит. Трифуновиќ пред судот изјави дека не се чувствува виновен за она за што е обвинет.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK