Најмалку седум лица загинаа во пожарите во областите Авеиро и Визеу во Португалија, а помош ќе испратат и Шпанија и Мароко, објави Управата за цивилна заштита.
Властите мобилизираа повеќе од 5.000 пожарникари, а уништени се десетици куќи и илјадници хектари шума, пренесува Ројтерс.
Политичарот Дуарте Коста во вторникот вечерта изјави дека специјализиран тим за итни случаи од 230 шпански војници ќе биде распореден во централниот кварт Визеу, каде беснеат пожарите.