Циклонот „Борис“ во четврток пристигнува во Италија

nevreme-ciklon-.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Циклонот „Борис“, бранот од екстремни временски услови што предизвика поплави во Централна и Источна Европа и однесе најмалку 19 животи, се очекува да се врати во Италија во четврток откако минатиот четврток ги мина Апенините, соопштија денеска италијанските метеоролози.



Италија веќе е во состојба на готовност, особено во регионите Емилија Ромања и Марке, поради очекуваните поплави, кои претходно ги зафатија Романија, Полска, Чешка и Австрија, изјави метеорологот Лоренцо Тедичи, пренесе „АНСА“.

Тој додаде дека „невообичаено топлото“ Јадранско Море од четврток ќе ги „потхрани“ бурите низ Јадранско-Апенинските планини и ќе продолжи до викендот.

„Очекуваме уште поекстремни временски услови“, изјави Тедичи, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK