Фудбалскиот клуб Барселона подготвува нов договор за Ламин Jамал, пренесува „Марка“.
Тинејџерот на 13 јули следната година ќе наполни 18 години, поради што му се подготвува нов, финансиски богат договор.
„Јамал сигурно ќе стане еден од најплатените фудбалери во Европа. Моментално во Барселона заработува околу 1,5 милиони евра по сезона. Во шпанската Ла Лига има јасни ограничувања кога се во прашање договорите на малолетните фудбалери. Барселона донекаде компензира со бонуси на платата на Јамал. Планот на клубот е на Јамал да му понуди договор до јуни 2030 година со исклучително големи и јасно дефинирани излезни клаузули“, пишува „Марка“.
Ламин Јамал има договор со Барселона до 30 јуни 2026 година, а претходно неколку пати изјави дека не сака да го напушти каталонскиот клуб.
Јамал оваа сезона одигра пет натпревари за Барселона, постигна три гола и имаше четири асистенции.