„Јамал е црн, а во Џирона доби овации. Винисиус можеш ли да ми објасниш?“

2171376955.0.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Барселона со 4:1 победи на гостувањето кај Џирона во петтото коло од Ла Лига. Ламин Јамал се истакна со два гола, а Дани Олмо и Педри додадоа по еден. По пет кола Барселона има исто толку победи, со гол разлика 17:4. Тимот на Ханси Флик изгледа одлично, исто како Јамал.


Младиот шпански крилен напаѓач има три гола и четири асистенции, на петте одиграни натпревари, доби и овации од домашната публика, кога во 92.минута замина на клупата.

Овој детал го забележа шпанскиот новинар Хосеп Капдевилја, кој направи паралела со Винисиус Жуниор (24) од Реал. Бразилецот често се жали на однесувањето на шпанската публика на гостинските стадиони, каде често го исвиркуваат.

Винисиус со своето однесување често предизвикува реакција кај противничките фанови, кои не му остануваат должни. Потоа се жали и тврди дека неговиот третман е поврзан со расизамот.

Споменатиот Капдевилја на социјалната мрежа „X“ напиша: „Не разбирам. Ламин е црн, а беше испратен од стадионот во Џирона со овации. Винисиус, можеш ли да ми објасниш?”

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK