Русија им се закани на Украина и на Западот

putin-avion-epa.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Руски официјални лица денеска му се заканија на Западот со неконтролирана ескалација на војната, а на Украина со уништување на Киев, додека западните лидери дебатираа дали да и дозволат на Украина да го користи своето оружје за да напаѓа длабоко во руска територија.



Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави доцна во петокот дека неговиот план за победа зависи од одлуката на Вашингтон, јасно мислејќи на одобрението за употреба на ракети со долг дострел, што Киев долго време го бара од сојузниците во НАТО.

„Потребни се силни одлуки. Теророт може да се запре со уништување на воените објекти од кои потекнува“, објави на Телеграм Андриј Јермак, шеф на канцеларијата на Зеленски.

Киев рече дека таквите напади се клучни за ограничување на способноста на Москва да ја нападне Украина, но сојузниците досега не сакаа да ги дозволат, наведувајќи ги стравувањата дека Москва ќе ги третира како ескалација и сомнежите за нивната ефикасност.

Иако се уште не е објавена официјална одлука, рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков изјави дека таа е веќе донесена и доставена до Киев и дека Москва ќе мора да одговори.

„Одлуката е донесена, карт бланш и сите капацитети се дадени (на Киев), така што ние сме подготвени на се“, рече Рјабков, пренесува РИА.

„И ние ќе реагираме на начин што нема да биде убаво“, додаде тој.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK