Tрамп или Камала за Папата е избор помеѓу две зла

papa1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Папата Франциско им порача на американските католички гласачи дека треба да гласаат „за помалото зло“ на претседателските избори во ноември, имајќи предвид дека антиимигрантската политика на републиканскиот кандидат Доналд Трамп и поддршката на демократската кандидатка Камала Харис за правото на абортус се „против животот“.



„Човек мора да го избере помалото од двете зла. Кое е помалото? Таа дама (Харис) или тој господин (Трамп)? Не знам“, рече папата на прес-конференција во авионот на враќање во Рим по турнејата низ Азија, пренесува „Си-ен-ен“.

Папата рече дека неприфаќањето мигранти е сериозен грев, а абортусот го спореди со убиство.

„Да ги бркаш мигрантите, да ги оставиш каде сакаш е нешто страшно, тоа е зло. Исфрлањето дете од мајчината утроба е убиство, бидејќи има живот. Мораме јасно да зборуваме за овие работи“, забележа.

Папата претходно ја критикуваше антиимиграциската политика на Трамп. За време на изборите во 2016 година, Папата рече дека таквите ставови на Трамп не се христијански.

Трамп вети дека доколку биде избран за претседател ќе депортира милиони илегални имигранти во САД, додека неговата ривалка Камала Харис вети дека ќе го потпише националниот закон за правата на абортусот, одлука што Врховниот суд ја укина во 2022 година.

Католичките гласачи беа поделени во 2020 година. Околу 50 отсто од гласачите таа година гласаа за Бајден и 49 отсто за Трамп.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK