Четворица битолчани и една фирма предизвикале пожари во Битола, полицијата поднесе кривични пријави

pozari.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Битолската полиција до Обвинителството поднесе пет кривични пријави против четири лица и една фирма по член 288 од КЗ за пожари предизвикани во периодот од 15 јуни до 10 септември.


Поднесена е кривична пријава против Ѓ.Д. (70) од Битола, заради постоење на основи на сомнение дека тој на 29 јули запалил оган во нива, негова сопственост, во атарот на село Братиндол, битолско, со цел да уништи инсекти. Поради ветрот пожарот се проширил и во соседните ниви, по што бил изгаснат од страна на Територијалната противпожарна единица Битола.

Поднесена е кривична пријава поради основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“, предвидено и казниво во чл.288 ст.1 од КЗ. Поднесена е кривична пријава против Т.И.(27) од с.Кременица,битолско, заради постоење на основи на сомнение дека тој на 4 септември запалил стрниште во атарот на село Кременица, битолско и со тоа сторил кривично дело предизвикување општа опасност.

Поднесена е кривична пријава против фирма бидејќи на 3 август околу 17.55 часот во селото Стрежево, битолско, од искрење на жиците кои биле паднати од бандера во сопственост на пријавеното правно лице, предизвикан е пожар со кој се зафатени сува трева и дрвја.

Поднесена е кривична пријава против Р.Р.(58), со привремен престој во Битола, заради тоа што на 04.08.2024 запалил плевна во с. Црнеец,битолско, а потоа огнот се проширил и во околината каде горела сува трева. Поради основи на сомнение дека пријавениот сторил кривично дело „предизвикување општа опасност“ предвидено и казниво во чл.288 ст.1 од КЗ, поднесена е кривична пријава.

Исто така, поднесена е кривична пријава и против П.Б. (46) од Битола, заради основано сомнение дека пријавениот на 04.08.2024 околу 20 часот во с. Лопатица,битолско, на место викано „Белан атар“ запалил скара во близината на неговото лозје и истата ја оставил неизгасена, со што предизвикал пожар односно сторил кривично дело „предизвикување на општа опасност “, предвидено и казниво по чл. 288 ст.1, од КЗ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK