Тренд во естетската хирургија е постигнување на природен изглед

ilina_zan_mitev_002
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Синоним за естетска хирургија кај нас се лицата од медиумите кои ја применуваат да зголемат усни, ставаат силикони или премногу ботокс. Но последните трендови се да се избегнува ваквиот тип на зафати. Природниот изглед се враќа како тренд. Колку и како треба да се прават корекции мислење побаравме од д-р Илина Гаџевска Томулевска, од Клиниката Жан Митрев.

Според д-р Гаџевска самата естетска хирургија е погрешно сфатена кај нас и има погрешна перцепција. Таа објаснува дека естетскиот хирург треба да направи се да го убеди клиентот што е најдобро за него бидејќи секој од нас на огледало си ги гледа недостатоците поголеми од она што се.



„Постојаната дилема во естетска хирургија е балансот помеѓу желбите на пациентите од една страна и ставот на хирургот од друга страна.  Повеќето од пациентите кога се гледаат во огледало своите недостатоци ги гледаат многу поголеми од она реално, или со други зборови кажано не се доживуваат, перципираат себеси на ист начин како што нив ги перципира околината. Сигурно многу пати сте слушнале за некои личности кои направиле повеќе естетски операции или процедури. Покрај тоа што мора да постои индикација за хируршкиот зафат, хирурзите имаат една голема задача да проценат самостојно или во консултација со психијатар дали пациентот има реални очекувања од саканата хируршка интервенција“, додава д-р Гаџевска.

Д-р Гаџевска објаснува дека кај нас овие услуги ги бараат повеќе жените, но дека обврска на докторот е да постигне баланс помеѓу желбите на пациентите и потребата промените да изгледаат природно.

„Се што се прави треба да се стреми кон се поприроден и симетричен изглед. Во последните години како во светот така и кај нас естетската хирургија е во подем. Македонската современа жена во последните години разви се повисока свесност за тоа како изгледа. Желбата да се изгледа помладо и поубаво а со тоа и посамоуверено ги подигна границите на она што се бара и очекува од нас хирурзите„, објаснува д-р Илина Гаџевска Томулевска, од Клиниката Жан Митрев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK