Меџити со унгарскиот амбасадор Клеин: двете влади тесно соработуваат во насока на забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ

3.jpeg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити денеска оствари работна средба унгарскиот амбасадор, Андраш Клеин.



Меџити ја поздрави сеопфатната поддршка што Унгарија и ја дава на Северна Македонија, како на билатерален план, така и во процесот на пристапување на нашата земја во Европската Унија.

Двајцата соговорници се согласија дека двете влади тесно соработуваат во насока на зајакнување на билатералните односи и забрзување на интеграцијата на Северна Македонија во ЕУ.

Меџити рече дека унгарското претседавање со Советот на Европската Унија, кое е едно од главните тела за одлучување на блокот, ни дава можност да го забрзаме напредокот на интегративниот пат на нашата земја.

Двајцата соговорници разговараа и за Зелената агенда и улогата на нашата земја во борбата против климатските промени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK