Роналдо на социјалните мрежи има една милијарда следбеници

129091390_gettyimages-1325105287.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кристијано Роналдо, во текот на кариерата постави многу рекорди, некои од нив веројатно засекогаш ќе стојат на првото место. Португалецот, денеска постави уште еден рекорд кој му го овозможи големата популарност.



Кристијано Роналдо, на сите социјални мрежи, дојде до бројката од една милијарда следбеници.

„Ние создаваме историја, милијарда следбеници! Ова е повеќе од обичен број, ова е признание за нашата страст и љубов кон играта. Од улиците на Мадеира до најголемите височини во светот, секогаш сум играл за моето семејството и за вас, сега не има една милијарда.

Ова патување е наше патување и заедно покажавме дека нема граници за она што можеме да го постигнеме.

Ви благодарам што верувавте во мене, ви благодарам за поддршката и што сте дел од мојот живот. Најдоброто допрва доаѓа, ќе продолжиме да притискаме напред, да победуваме и да создаваме историја“, напиша Роналдо.

Навистина импресивна бројка…

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK