Вчера во 18.10 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека на крстосница од бул.„Никола Минчев“ и улица „Методија Андонов Ченто“ во Кавадарци, Ќ.Р.(52) од с.Марена, кавадаречко, управувајќи мопед „кимко“ со кавадаречки регистарски ознаки, паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот констатирани во болницата во Кавадарци.
По овластување на јавен обвинител увид на местото извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци.