„Љупчо Дон Николовски, наместо како министер во влада, додека бил на позиција се однесувал како мафијашки дон. За Дон Николовски не важеле законите, туку партиската припадност. Љупчо Дон Николовски ја злоупотребил својата позиција континуирано во период од неколку години и на фирма блиска до СДС исплаќал милионски субвенции без основ“, вели Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
„Дон Николовски е фатен инфлагранти во криминал. Дон Николовски треба да одговара“, кажа Петрушевски.
Тој за утре најави дека ќе презентираат нови докази.