Земјотрес со јачина од четири степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди грчката префектура Коринт на Пелопонез.
Нема извештаи за повредени или материјална штета, пренесува грчкиот весник „Катимерини“.
Според Геодинамичкиот институт на Националната опсерваторија во Атина, епицентарот на земјотресот бил лоциран на четири километри северозападно од Фенеос, на длабочина од 11 километри.
Грција се наоѓа во еден од сеизмички најактивните региони во светот, каде земјотресите се чести, но смртните случаи и значителни штети од земјотреси се ретки, пишува „Катимерини“.