(Видео) 141 загинат по тајфунот во Виетнам, Црвената река расте, жителите на Ханој се во страв

vietnam-nevreme.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бројот на загинати во Виетнам од тајфунот Јаги се искачи на 141, соопшти денеска владата, предупредувајќи дека обилните врнежи предизвикуваат нагло зголемување на Црвената река и се заканува да ги поплави централните области на главниот град Ханој.


Обилните дождови донесени од тајфунот Јаги предизвикаа смртоносни одрони и поплави низ северен Виетнам, при што загинаа 141 лице, а 59 се водат како исчезнати, соопшти агенцијата за управување со катастрофи.

Имаше и големи материјални штети и нарушување во бизнисот и индустријата.

Државните медиуми доцна во вторникот објавија дека нивото на водата на Црвената река во Ханој се зголемува за 10 сантиметри секој час.

Некои училишта во Ханој им рекоа на учениците да останат дома до крајот на неделата поради загриженоста од поплави, додека илјадници жители кои живеат во ниските области беа евакуирани, според извори на владата и државните медиуми.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK