Капитенот на Англија Кејн вечерва слави јубилеј

075645-net-3-a.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Англија вечерва ќе ја пречека Финска во второто коло од групата 2, во Б-дивизијата во Лигата на нации.


Натпреварот има посебно значејње за капитенот на Англија Хари Кејн. Напаѓачот на Баерн Минхен, ќе го го одигра својот 100-ти натпревар за националниот тим.

„Навистина е посебно чувството. Отсекогаш сум велел дека вакво нешто е тешко да се постигне. Но, јас сум многу горд. Многу сум возбуден, родителите ќе бидат тука да уживаат во моментот“, изјави Кејн.

Иако има 31 година, Кејн нема намера да застане. Рекордер е со 66 гола, но како што истакна дека ќе се обиде да стигне до дури 100 гола за репрезентацијата

„Мислам дека е можно. Многу луѓе мислат дека не, но јас повеќе би сакал да бркам нешто што изгледа невозможно отколку да бидам во комфорната зона и да кажам дека ќе бидам среќен со 70, 80 гола.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK