(Видео) Бројот на загинати од тајфунот Јаги се искачи на 127

5-5.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Тајфунот Јаги, лизгањето на земјиштето и поплавите предизвикани од оваа моќна природна катастрофа однесоа најмалку 127 животи, додека 764 лица се повредени, а 54 лица се водат за исчезнати во северен Виетнам, соопшти денеска Службата за итни случаи на земјата.


Најголем дел од луѓето загинале во лизгање на земјиштето и поплави, се наведува во соопштението, пренесува Ројтерс.

Јаги е најсилната тропска бура во Азија оваа година со забележани максимални ветрови од 245 километри на час.

Вчера се урна мостот на надојдената река во провинцијата Фу То. Неколку возила паднале во реката, а три лица биле спасени и пренесени во болница.

Тајфунот Јаги беше најсилниот тајфун што го погоди Виетнам во последните неколку децении, а во саботата ја опустоши земјата со удари на ветер до 149 километри на час. Во неделата ослабна до тропска бура, но метеоролошката агенција на земјата сепак предупреди дека континуираните врнежи може да предизвикаат поплави и лизгање на земјиштето.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK