Меџити: Интеграцијата во Европската Унија е стремеж на мнозинството наши граѓани

1-1-3.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, ја започна официјалната посета на Вашингтон со средба со заменикот-помошник секретар на САД за Западен Балкан, Александар Касаноф.



На средбата на која Меџити беше придружуван од министерката за енергетика, рудници и минерални суровини Сања Божиновска, го информираше Касаноф за најновите политички случувања во Северна Македонија при што ја истакна посветеноста на новата Влада за подобрување на животниот стандард на граѓаните, зголемувањето на инвестициите во инфраструктурата, енергетиката и образованието, како и за бескомпромисниот ангажман во борбата против корупцијата, проблем кој како што посочи Меџити е наследен, но со кој власта е подготвена решително да се занимава.

Првиот вицепремиер Меџити истакна дека интеграцијата во Европската Унија е стремеж на мнозинството наши граѓани и дека интензивно се работи на забрзување на овој процес.

„САД отсекогаш ни биле силен партнер и сојузник и ви благодариме за блиската соработка што ја имаме како земји членки на НАТО, бидејќи за нас е од витално значење улогата на САД како модел за демократски развој и стабилност“, рече Меџити.

Заменикот-помошник секретар на САД за Западен Балкан Александар Касаноф за време на средбата ја изрази силната поддршка на САД за Западен Балкан и нагласи својата посветеност да и помогне на земјата на патот кон членство во ЕУ, особено во време кога се соочуваме со неиспровоцираната руска агресија во Украина.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK