Судењето на маж во Франција, обвинет дека ја дрогирал сопругата и поканил десетици мажи да ја силуваат во текот на една деценија, беше одложено утрово, бидејќи тој беше пренесен во болница поради болки во стомакот.
Судијата Роџер Арата објави дека обвинетиот Доминик Пелико (71) добил медицинска помош откако денеска се очекуваше да сведочи на судењето за злосторството што ја шокираше Франција, пишува „Дејли мејл“.
Пензиониран електричар призна дека и ставал моќни седативи во вечерниот оброк на неговата сопруга Жизел и розе вино речиси цела деценија за да ја онесвести.
Околу 84 мажи кои ги запознал на интернет, потоа наизменично влегувале во нивната скромна куќа во село во близина на Авињон за да ја силуваат во нивниот брачен кревет.
Полицијата пронашла и ужасни слики од неговата ќерка Керолин и двете снаи меѓу околу 200.000 слики и видеа што ги чувал во компјутерска датотека наречена „злоупотреба“.
Според обвинението, ѓаволот од Авињон во период од 10 години ја дрогирал сопругата Жизел (72) за да ја силува или да дозволи непознати да ја силуваат. И тоа на нивниот брачен кревет, додека тој гледал и снимал се.
Ќерката на Доминик Пеликот, Керолин Даријан (45), чии разголени фотографии ги направил нејзиниот татко на нејзиниот кревет и која е убедена дека таа била дрогирана на ист начин, го опишува својот татко како „најголемиот сексуален престапник во последните години“.
Полицијата идентификуваше повеќе од 200 силувања, додека на 50 осомничени силувачи сега им се суди со Доминик Пелико во Авињон.
Судењето е јавно по желба на жртвата на ова невидено злосторство.
Повеќе од 200 злосторства се случиле помеѓу 2011 и 2020 година. Нејзиниот сопруг извршил 108 од нив, а непознати лица 92.
„Лежам неподвижно на креветот и ме силуваат. Тоа се варварски сцени. За мене тоа се хорор сцени“, рече Жизел која сакаше цел свет да дознае што доживеала.