Од понеделник, 16 септември, Германија воведува привремени контроли на сите нејзини копнени граници, соопшти Министерството за внатрешни работи на земјата.
„Покрај постојните привремени внатрешни гранични контроли на копнените граници со Австрија, Швајцарија, Чешка и Полска, Федералното Министерство за внатрешни работи нареди привремени контроли на внатрешните граници на копнените граници со Франција, Луксембург, Холандија, Белгија и Данска за период од шест месеци за што е известена Европската комисија“, се наведува во соопштението.
Покрај тоа, постои можност за одвраќање на луѓето на сите германски копнени граници во согласност со европското и националното право.