Општина Гевгелија се покажа како добар домаќин на Ракометниот Суперкуп

458311270_524929869925047_1526919119937263884_n.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Гевгелија, во организација на РК „Партизан“- Гевгелија и локалната сампоуправа, беше домаќин на Ракометниот Суперкуп на Македонија. Во спортската сала „27 Април“- во Гевгелија,  се одржа битката за трофеј помеѓу РК „Алкалоид“- Автокоманда и РК „Еурофарм Пелистер“, на којашто со резултат 33:30, екипата на „Алкалоид“ ја славеше победата.

Градоначалникот на општина Гевгелија, Андон Сарамандов, го истакна своето задоволство што уште еднаш Гевгелија се покажа како добар домаќин на врвни спортски настани упатувајќи честитки до РК „Партизан“- Гевгелија за успешната организација на Ракометниот Суперкуп на Македонија. Исто така, изрази голема благодарност до Ракометната федерација на Македонија што ја додели организацијата  за финалето да биде одиграно во Гевгелија.



Преку соопштение, Ракометната Федерација на Македонија упати голема благодарност до Андон Сарамандов, градоначалник на општина Гевгелија и РК „Партизан“- Гевгелија, во коешто стои:

– Ракометната федерација на Македонија упатува голема благодарност до Андон Сарамандов, градоначалник на Општина Гевгелија и РК „Партизан“- Гевгелија за спроведувањето и учество во организацијата на Суперкуп натпреварот 2024 кој се одржа во спортската сала „27 Април“, во Гевгелија. Воедно, изразуваме искрени честитки и пофалби во делот на организација за топлиот прием за играчите, тренерите, службениците лица и гледачите кои беа присутни во спортската сала во Гевгелија. Заедничкиот придонес на сите инволвирани чинители во ракометниот спорт е заложба и приоритет за одржување на епитетот национален спорт број еден.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK