Честитка на градоначалникот по повод 8 Септември, Ден на независноста на Република Македонија

DSC_0686.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со должна почит денеска го одбележуваме 33-годишното  осамостојување на независна и суверена Република Македонија, како остварување на трудот и пожртвуваноста на многу генерации. Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава, посветено чекорејќи по патот, кој води кон квалитетен животна сите нас. Мора да оставиме место за солидарност, заедништво, меѓусебно разбирање и општо добро на секој од нас. Смело да зачекориме по зацртаниот пат на развој и просперитет. Да бидеме лидери во борбата за економски развој и квалитетни проекти заподобар живот на граѓаните, со цел обезбедување сигурна иднина за генерациите, кои допрва доаѓаат.

Општина Куманово продолжува во намерата за остварување на предвидените цели и реална визија за развој на нашиот град, за добробит и благосостојба на граѓаните. 


Нека ни е честит и вековит  8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија!

The post Честитка на градоначалникот по повод 8 Септември, Ден на независноста на Република Македонија first appeared on Општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK