Максим Димитриевски: Нека ни е честит и вековит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија

maksim_dimitrievski_23423432
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со должна почит денеска ја одбележуваме 33-годишнината од осамостојување на независна и суверена Република Македонија, како остварување на трудот и пожртвуваноста на многу генерации.

 


Да се трудиме да останеме сплотени и единствени како држава, посветено чекорејќи по патот, кој води кон квалитетен живот на сите нас.

Мора да оставиме место за солидарност, заедништво, меѓусебно разбирање и општо добро на секој од нас.

Смело да зачекориме по зацртаниот пат на развој и просперитет.

Да бидеме лидери во економски развој, да имплементираме квалитетни проекти за подобар живот на граѓаните, со цел обезбедување сигурна иднина за генерациите, кои допрва доаѓаат.

 

Нека ни е честит и вековит 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK