На Граничниот премин Табановце, вчера во 14:50 часот полициски службеници го лишиле од слобода К.А.Ј.Б.(49) од Шведска, поради тоа што при извршени проверки во оперативна евиденција било констатирано дека патничкото возило „порше каен“ со шведски национални ознаки, кое тој го управувал, а било сопственост на лизинг компанија, било предмет на потрага од Интерпол – Шведска.
Тој бил предаден на полициски службеници во СВР Куманово за понатамошна постапка.