Кои нови оддели се отворија во Клиника Жан Митрев

zan_mitrev_zgrada
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Центарот за стоматологија е комплетно новиот оддел што започна да работи во Клиника Жан Митрев и досега се класифицира како единствен од ваков вид во земјава. Единствено овој центар за стоматологија нуди 24часовна достапност за сите пациенти и целосниот персонал на одделот е достапен за сите итни случаи и потреби за стоматолошки интервенции. Специфичност на овој центар е тоа што практикува анестезија или во стоматолошката пракса позната како седација, за сите интервенции да бидат без болка и без страв. Ова е посебно корисно за мали деца, кои после првата посета на стоматологот, веќе за следниот пат имаат страв и паника, која што понатаму кај возрасните преминува во траума од стоматолог. Според докторите стоматолози, целосната анестезија е неопходна и при стоматолошки зафати кај пациенти со посебни потреби, деца или возрасни и кај оние што не можат да поднесат ни најмала болка.

Седацијата што се применува на овој оддел е со дози соодветни за сите возрасти и сосема безбедна за употреба. Како редовна пракса овозможува леснотија при сите можни стоматолошки интервенции, а се аплицира како за покомплексни така и за поедноставни зафати.



Центарот за офталмологија со соработка за Промедика Офталмологија е исто така нов оддел во Клиника Жан Митрев, каде се применува врвна дијагностичка апаратура за сеопфатна офталмолошка дијагностика. На овој оддел, освен офталмолошки субспецијалистички, детски офталмолошки прегледи, ретинолошки, прегледи за катаракта, за глауком, за окулопластика, ќе се спроведува и дијагностика, следење и третман во рефрактивната хирургија (ласерска корекција на диоптрија, имплантција на мултифокални ИОЛ и страбизам), следење и третман на пациенти со кератоконус, дијагностика и третман во катарактна хирургија со имплантација на монофокални, бифокални и мултифокални ИОЛ, дијагностика, следење и третман на заден сегмент, итравитреална терапија и витреоретинална хирургија, дијагностика и третман на пациенти со глауком.

Големи проширувања има и во Центарот за естетска дерматологија со нова апаратура како фотофајндер – скенирање на кожата на цело тело со мапирање на бенки со вештачка интелигенција, хипербарна комора со 100% кислородна терапија, Нордлис ласерска платформа 5 во 1.

Новиот STROKE центар за мозочни удари е подготвен за интердисциплинарен пристап и брза дијагностика со цел да се предвидат раните знаци на мозочен инфаркт, а компјутерската ангиографија дава детален увид во артериите. Одделот за неврохирургија е дополнет со врвен микроскоп за изведување операции, а во одделот за торакална хирургија поставен е нов апарат за 3Д видео торакоскопија за канцер на бели дробови. Радиологија е збогатена со апаратура за спроведување на минимално инвазивни зафати со озон третман за решавање на дискусхернии без операција под ангиограф. Во абдоминалната хирургија се користи нов лапароскопски апарат со 4К технологија за интраоперативна визуелизација и може да се користи за сите лапароскопски интервенции.

Со сите овие новоотворени оддели и со унапредување и збогатување на постоечките оддели, Клиника Жан Митрев се зацврсти во сеопфатен здравствен систем со сите услуги на едно место.

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK