Иран ја предупреди Русија да не застане на страната на Азербејџан во граничниот спор

iranska-vojska.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новата реформска влада на Иран ја предупреди Русија да не оди на страната на Азербејџан во граничниот спор. Иранскиот министер за надворешни работи Саид Абас Арагчи го презеде невообичаениот чекор да ја прекори Русија. Забелешките на Арагчи беа јасна референца за одлуката на Москва да го поддржи повикот на Азербејџан за отворање на коридор исток-запад низ Ерменија до ексклавата Нахчиван на западот од земјата.


„Регионалниот мир, безбедност и стабилност не се само приоритет, туку и столб на нашата национална безбедност. Секоја закана од север, југ, исток или запад за територијалниот интегритет на нашите соседи или прекројување на границите се целосно неприфатливи и црвено линија за Иран“, рече Арагчи.

Овој конфликт би можел да има пошироки геополитички импликации, односно да послужи како доказ дека новоизбраната иранска влада е подготвена да заземе построг став кон Москва како дел од нејзините напори за ребалансирање на нејзината надворешна политика.

Русија и Иран треба да потпишат нов договор за стратешка соработка, но содржината е се уште отворена за разговор, а во иранската влада има тензии околу дипломатската цена за продлабочување на воениот сојуз со Русија, пишува Гардијан.

Иран, исто така, го повика рускиот амбасадор Алексеј Дедов претходно оваа недела за да го изрази своето незадоволство од позицијата на Москва, велејќи дека не сака конфликт на нејзините граници со поттик од Москва. Иран се граничи со Ерменија и Азербејџан на север.

Мохсен Резаи, поранешен врховен командант на Корпусот на Исламската револуционерна гарда и секретар на Советот за целисходност рече:

„Однесувањето на рускиот државник не беше прифатливо и јасно е во спротивност со нивната декларација за пријателство со Иран, овие нејаснотии треба да се решат“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK