Министерството за транспорт го објави Јавниот повик за финансиска поддршка за воведување нови дестинации од Меѓународниот аеродром Скопје и Свети Апостол Павле во Охрид за периодот 2025-2027 година, објави на својот фејсбук профил заменик претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски.
“ Во рамки на тригодишната програма за оваа намена се обезбедени средства во износ од 360 милиони денари. Еден од главните приоритети на Владата е обезбедување поволни услови за користење на подобар и попристапен авиопревоз. Со цел подобро поврзување на земјата и обезбедување подобри услови за патување на граѓаните, Министерството за транспорт денеска објави ЈАВЕН ПОВИК за поднесување барања за финансиска поддршка за пуштање нови дестинации од аеродромите во Скопје и Охрид. За дополнителни информации, заинтересираните компании можат да се обратат до Министерството за транспорт преку е-пошта: [email protected] објави Николоски на својот фејсбук профил.