Унапредување на соработката на Царинска управа и Државен завод за статистика – податоците за надворешната трговија клучни за унапредување на трговските политики

1000021190.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Унапредување на соработката со Државен завод за статистика, преку повисок степен на дигитализација и електронска размена на податоците, за што ќе биде потпишан нов Меморандум за соработка. Ова е договорено на денешната средба на директорот на Царинска управа, Бобан Николовски со директорот на Државен завод за статистика, Дејан Станков.


„Царинската управа ја олеснува трговската размена со останатиот дел од светот, а истовремено податоците за надворешно трговската размена ги разменува со Државниот завод за статистика. Високиот степен на дигитализација ни овозможува да бидеме во тек со светските трендови, а сетовите на податоци кои ги разменуваме во делот на надворешно трговската размена овозможува компаниите да направат истражување на пазарот и дефинирање на нивните стратегии, за економски студии, но и за унапредување на трговските политики на државно ниво“, истакна директорот Николовски.

Директорот на Државен завод за статика, Дејан Станков на состанокот потенцира дека примарна цел на Државниот завод за статистика е дигитализација на процесите и зголемено користење на административните извори при продукција на официјалните статистички податоци.

„Во насока на понатамошно хармонизирање, модернизирање и унапредување на системите, електронското преземање на податоци од Царинската управа е исклучително значаен чекор“, вели Станков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK