Сабаленка и Пегула во финалето на Ју-ес опен

12486910.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Арина Сабаленка и Џесика Пегула ќе играат за титулата на Ју-ес опен. Сабаленка ја победи Ема Наваро, а Пегула беше подобра од Петра Мухова.



Во првиот вечерен меч Сабаленка беше подобра од домашната тенисерка Ема Наваро со 6:2, 7:6 (7:2). Белорусинката рутински го доби првиот сет, доминираше во сите сегменти од играта.

Американката се разбуди во вториот сеет. Со голема поддршка од трибините таа успеа да стигне до тај-брејк. Но, во 13.гем, Сабаленка покажа поголемо искуство во ваквите моменти и со 7:2 обезбеди пласман во финалето.

Во вториот меч Пегула се мачеше со Мухова и го загуби првиот сет, но Американката стигна до своето прво финале на Грен слем со резултат 1:6, 6:4, 6:2.

Мухова одлично влезе во мечот, лесно стигна до 1:0. Пегула, која во Њујорк дојде со титулата од Торонто и финалето од Синсинати, немаше намера да се предаде. Таа со трпелива игра ја принуди Мухова на грешки и чекор по чекор стигна до победата.

Ова ќе биде реприза на финалето од Синсинати, кое му претходеше на Ју-ес опен, а кое го освои Сабаленка. Женското финале на Ју-ес опен ќе се одигра ноќта меѓу сабота и недела во 1:00 часот по средно-европско време.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK