Сиљановска Давкова прими претставници од организацијата Обединети Македонци од Канада

thumbnail_Foto-2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска прими претставници од организацијата Обединети Македонци од Канада.


На средбата, на која присуствуваа претседателот на ООМК, Ристо Дурловски и секретарот Драги Стојковски, претседателката Сиљановска Давкова беше информирана за тековните активности и цели на организацијата и за нивното делување во насока на застапување на интересите и потребите на македонската заедница во Канада.

Во таа насока, претставниците на организацијата ја запознаа претседателката со нивните активности за зачувување и промоција на македонската традиција, култура и јазик, како и за нивните постигнувања и успеси во различни области во канадското општество, преку кои придонесуваат за позитивна афирмација на татковината и јакнење на релациите меѓу двете држави.

Претседателката ги истакна нејзините заложби за негување и продлабочување на односите со македонските иселеници, посочувајќи дека тие се важен сегмент за севкупниот развој на нашата држава и неопходно е да изградиме трајни врски преку соработка, отворање на бизнис-можности, пренос на знаења и инвестиции.

Соговорниците разменија мислења и за прашањата од национален интерес, коишто ги засегаат и македонските иселеници, како и за нивната улога во економскиот и демократски развој на земјава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK