Почина олимпијката која партнерот ја полеа со бензин и ја запали

rebecca-cheptegei-100.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Атлетичарката од Уганда Ребека Чептегуи, која се натпреваруваше на Олимписките игри во Париз, почина од повредите откако нејзиното момче ја поли со бензин и ја запали во неделата.


Трагичната вест ја објави во четвртокот претседателот на Олимпискиот комитет на Уганда.

„Ја дознавме тажната вест за смртта на нашата олимписка атлетичарка Ребека Чептегуи. Нека нејзината душа почива во мир и најостро го осудуваме насилството врз жените“, рече Доналд Рукаре во пораката на „X“.

„Ова беше кукавички и бесмислен чин што доведе до загуба на голем спортист. Нејзиното наследство ќе живее“, додаде Рукаре.

Еден член на болничкиот персонал изјави за агенцијата Франс прес во средата дека нејзината состојба се влошила откако „развила бактериска инфекција“.

Според полицискиот извештај, осомничениот идентификуван како Диксон Ндиема Марангач влегол во имотот на Ребека Чептегеи додека таа била во црква со своите деца. Кога се вратиле од црквата ја полил со бензин и ја запалил пред очите на децата, две девојчиња на возраст од 9 и 11 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK