Идентификувани жртвите на 14-годишниот напаѓач во училиште во Џорџија

6-1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Коди Греј ќе биде обвинет за убиствата на 14-годишниот Мејсон Шермерхорн, 14-годишниот Кристијан Ангуло, Ричард Аспинвол (39) и Кристина Ирими (53). Аспинвол и Ирими предавале математика, а Аспинвол истовремено бил и помошник фудбалски тренер. Девет други жртви, осум ученици и еден наставник, се пренесени во болниците.


Училиштата во округот Бароу ќе бидат затворени до крајот на неделата.

Белата куќа преку соопштението рече дека претседателот Џозеф Бајден е известен за пукањето и дека неговата администрација ќе остане во контакт со федералните, државните и локалните власти за повеќе информации.

Американското Федерално биро за истраги (ФБИ) соопшти дека напаѓачот во смртоносното пукање во средата во училиште во Џорџија, Колт Греј, бил испрашуван од полицијата минатата година за анонимни закани на Интернет, по дојава на ФБИ.

Греј (14) во мај 2023 година ѝ негираше на полицијата дека стои зад објавите на Интернет кои содржеле слики од оружје, предупредувајќи за пукање во училиштата.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK