Полицијата во градот Бон во Германија застрелала маж кој претходно со нож повредил две лица.
Напаѓачот подоцна починал во болницата.
Повредени се жена (43) и маж (32). На местото на нападот им била укажана помош.
Во написите на локалните медиуми се наведува дека напаѓачот и жртвите се познавале и дека конфликтот настанал како резултат на расправија.