Тошковски апелира: Секој што не ја обновил возачката дозвола нека поднесе барање, сега нема метеж

toshkovski-vozachka-logo.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, утрово ги повика граѓаните кои не ги замениле возачките дозволи да се појават на пунктовите и да понесат барања да им се издадат дозволи со новото уставно име на државата. Со новото уставно име Тошковски вели дека веќе се издадени 750.000 возачки дозволи.


„Потребно е да реиздаде уште некоја бројка до милион возачки дозволи за да ја затвориме целокупната бројка на возачки дозволи кои се издадени. Поради тоа ги замолувам граѓаните во наредниот период од неколку месеци сите оние кои имаат возачка дозвола со старото уставно име да пристапат кон обновување на истата заради тоа што, согласно измените на Законот кои ги направивме, старите возачки дозволи ќе важат заклучно со крајот на оваа година. Во наредниот период од месец дена ќе следи една кампања од Министерството за внатрешни работи каде што ќе го повикаме секој  еден кој не ја обновил возачката дозвола да пристапи, да ја обнови, да извадиме нова возачка дозвола, повеќе нема метеж“, рече министерот Тошковски.

Измените на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата со кои рокот возачките дозволи со името Република Македонија место до втори февруари 2024 година беше продолжен до 31 декември, пратениците ги изгласаа на втори февруари годинава за да се намали притисокот за менување на личните документи со старото име.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK