Лавров: Украина го отфрли договорот за извоз на жито предложен од Турција

lavrov2.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Турција се обиде да го обнови договорот за извоз на жито преку Црното Море во пролетта 2024 година, што Москва го прифати, но Киев го одби по руската согласност, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.


„Имаше обид на Турција оваа пролет да го обнови договорот за извоз на жито. Во последен момент, Украинците кажаа, ајде да запишеме ставка до обврската да не се допираат комерцијалните бродови, дека електраните ќе се одржуваат. Рековме и ние дека така треба да биде, а Ердоган не увери дека навистина ќе биде така“, рече тој, пренесува Интерфакс.

Лавров истакна дека се обидел да разговара искрено и конструктивно, но дека на Украина, која изнела некои предлози, веднаш и било кажано не и дека веќе имале готови планови за бомбардирање на нуклеарните централи, пренесува Танјуг.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK