Мицкоски: Среќен почеток на сите ученици во новата учебна година

Screenshot-2024-08-26-130753.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Добар ден од овде од Гази Баба, од ООУ Стив Наумов. За мене претставува навистина прекрасен ден затоа што некако денот на својот почеток започнува со одбележувањето на учебната година, иако симболично тоа би требало да биде на први септември, но бидејќи таков е календарот започнуваме од втори септември“, рече премиерот Христијан Мицкоски.


„На мое огромно задоволство можам да кажам дека оваа енергија којашто денеска ја почувствував овдека е прекрасна, дека дечињата желни за наука и желни за образование започнуваат да го чекорат својот образовен пат, зборувам за прво одделенчињата, за сите оние останатите тоа е веќе дополнително искуство, возбудени родители со многу убава позитивна емоција, нашата порака денеска е да имаат успешен прв учебен час, школски час и она коешто треба да го знаат е дека во животот ништо не доаѓа веднаш и ништо не доаѓа лесно, за се треба многу напор, за се треба многу труд да се вложи за да дојдеме до целта којашто сакаме да ја постигнеме. Од мене јас можам да им посакам многу убави школски денови, многу нови другарчиња и нормално се што сакаат во животот да им се исполни и да работат за тоа да им се исполни, бидејќи тоа е смислата и убавината на животот“, посочи Мицкоски и додаде:

Се сеќавате од пред десет, петнаесет години кога зборувавме за компјутер за секое дете, денеска се радувам на максимата учебник за секое дете, но тоа е пак подобро од тоа што беше, што би рекол еден поранешен политичар во власта, како до сега принципот, сега не е како до сега во минатото, сега имаме нова ситуација тоа е добра ситуација за учениците, бидејќи ќе имаат учебници од коишто ќе можат да учат и да научат.“

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK