Бред Пит и Џорџ Клуни прошетаа низ Венеција привлекувајќи го вниманието на обожавателите

Screenshot-2024-09-02-105129.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Бред Пит и Џорџ Клуни прошетаа заедно во Венеција и облечени во елегантни костуми го привлекоа вниманието на своите фанови. Се прошетаа и по венецијанските канали.


Клуни и Пит имаат одлична хемија пред камера, а последен пат заедно соработуваа во 2008 година кога се појавија во филмот Burn After Reading. Заедно, тие глумеа во три дела од франшизата на Оушн единаесет.

Сега ќе ја претстават новата акциона комедија Wolfs. Во филмот, Клуни глумеше професионален криминалец чија задача е да прикрие криминал од висок профил. Но, кога Пит, ангажиран за истата работа, ќе се појави на местото на злосторството, двата волци-сами мора да ги здружат силите.

Бред со себе во Венеција ја поведе и 26 години помладата девојка Инес де Рамон. Тие се снимени во друштво на Клуни и неговата сопруга Амал. Сите беа одлично расположени и изгледа дека воопшто не им пречеа папараците кои ги следеа. Фотографите ги снимиле додека возеле низ Венеција додека патувале кон ресторан, каде вечерале заедно.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK