Демократската унија за интеграција им го честита првиот ден од новата учебна година на учениците, родителите и наставниците.
„На учениците им посакуваме многу успех и ги поддржуваме сите наставници во напорите да ги постигнат образовните цели, но и да добијат правилно вреднување за нивниот интелектуален придонес.
Изградивме училишта во Визбегово, Блаца, мала Речица, се гради во Селце, како и гимназијата Сами Фрашери во Куманово, реновиравме многу училишта во сите населени места, ги решивме проблемите во Чашка и Велес, ги изградивме нашите универзитети и студентски домови во Тетово и Скопје, спортски сали, базени и градинки во нашите општини, заедно со речиси целата образовна инфраструктура на сите нивоа.
Ги зголемивме платите за околу 47,5% во нашиот мандат и го поддржуваме ветеното и заслужено зголемување на платите на наставниците“, велат од ДУИ.
Учебната година ги пречека учениците со готови испечатени книги, без доцнење и недостиг како резултат на нашата работа оваа пролет, додаваат од оваа партија.