Новиот британски премиер Енди Барнам го пречека украинскиот претседател Володимир Зеленски како прв странски функционер, нагласувајќи ја силната поддршка на Лондон за Украина, соопшти канцеларијата на Барнам.
Двајцата лидери се сретнаа во поморската база, каде што беа информирани за програмата за обука предводена од Велика Британија и како таа помага во зајакнувањето на вооружените сили на Украина и какви резултати постигнува на бојното поле, според Даунинг стрит.
„Велика Британија стои со Украина и нашата поддршка останува непоколеблива“, рече Барнам во соопштението. „Русија не треба да се сомнева во нашата решителност. Нема да се откажеме додека не постигнеме траен и праведен мир во Украина“, додаде тој.
За време на посетата, Барнам и Зеленски треба да се сретнат со повеќе од 200 украински воени и поморски претставници кои ги поминаа изминатите три недели на островот учествувајќи во „Си Бриз“, вежба за поморска безбедност и деминирање, дизајнирана да ги подготви учесниците за идните мисии во Црното Море.
Откако Русија ја започна инвазијата на Украина во 2022 година, вкупната поддршка на Велика Британија за Украина достигна 25 милијарди фунти, вклучувајќи 16 милијарди фунти во воена помош и 5,6 милијарди фунти за други цели, соопшти канцеларијата на Бернам.
Во понеделникот, новиот британски премиер, зборувајќи заедно со Зеленски, објави дека неговата земја ќе обезбеди нова, домашна технологија за блокирање за заштита на украинските беспилотни летала во војна.
Претходникот на Бернам, Кир Стармер, го посети Киев неколку дена пред да се повлече претходно овој месец и вети 300 милиони евра помош за опремување на Украина со ескадрила од 16 шведски борбени авиони „Грипен“.