Холандија испраќа 28 оклопни теренски возила Викинг во Украина

Screenshot-2024-09-01-083634.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Холандија ќе испрати во Украина 28 оклопни теренски амфибиски возила Bandvagn BvS 10 Viking, најави холандскиот министер за одбрана Рубен Брекелманс.



„На Украина очајно и е потребна нашата помош во борбата против рускиот агресор. Холандија ќе им испрати 28 теренски возила Викинг. Маринците ги обучија украинските војници како да ги користат“, рече министерот во саботата на социјалната мрежа „Икс“, пренесе Интерфакс Украина.

Возилото Викинг е амфибиски оклопен транспортер од шведско-британско производство, кој го произведува компанијата BAE Sistems Haglunds за потребите на маринците во Холандија, Велика Британија, Шведска, Австрија и Франција, пренесува Танјуг.

Во текот на минатата година, 36 холандски возила BvS 10, како и 20 британски викинзи беа испратени во Украина како дел од логистичката помош во војната против Русија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK