Времето денеска: претпладне сончево, попладне невреме

DSC_3787.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во Македонија денеска претпладне ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност и со умерен, наместа засилен ветер од североисточен правец. Од пладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со повремен пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер и град.



Утринските температури се во интервалот меѓу 10 и 19, додека највисоките во текот на денот соодветно ќе се движат од 23 до 33 Целзиусови степени.

И во Скопје околината денеска претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен североисточен ветер. Попладне во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на невреме. Температурата ќе се искачи до 32 степени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK