6- ТИ БАЛКАНСКИ ПОЕТСКИ КАМП ЗА МЛАДИ „ВАНЧО НИКОЛЕСКИ“

f2a591e1-0f0a-4949-a148-e3f5d52dc3f0-1_1.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо  Божиноски птретпладнево во просториите на локалната самоуправа ги прими учесниците  на   Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“  што започна денес под мотото „Симболично обединување на Вардар, Пирин, Егеј и Мала Преспа.

 Учесниците кои се млади поети од  Македонија, Бугарија, Грција,  Албанија, Турција утрово  беа во просториите на ООУ „Ванчо Николески“по што беше положено цвеќе на вечното почивалиште на Николески во Охрид.


Кампот од Охрид и родното место на Николески, Црвена Вода ќе се пресели во Мала Преспа- Албанија кадешто живеат етнички Македонци. Учесниците ќе бидат гости на своите врсници, ученици во училиштето во Поградец.

Централниот прекуграничен настан е организиран во селото Глобочани, родното место на Стерјо Спасе, познат литературен деец  од Албанија.

  Во рамки на настанот младите поети ќе го посетат спомен обележјето на холандскиот писател А. Ден  Долард, а поетските работилници ќе ги води  поетот проф.д-р Христо Петрески.

Манифестацијата завршува утре и е во организација  на Здружението „Мацково“, а под покровителство на  Светската академија на поезијата  при Унеско со седиште во Верона Италија.

Балканскиот поетски камп за млади „Ванчо Николески“ се одржува по шести пат.   

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK