На вработените во Македонски олимписки комитет, платата и соодветните придонеси им доцнат и по неколку месеци, што говори за непрофесионалноста на претседателот на МОК, Даниел Димески.
Уште поголем сомнеж за работењето на Димески е и фактот дека Јавното обвинителство има покренато предистражна постапка за наводните финансиски малверзации во самиот комитет.
Но ова не е прв ваков случај во кој е споменат Димески. Покрај овие наводи, вреди да се напомене дека Димески е вмешан и во сомнителното доделување на закуп на имот на „Кале“.
Освен тоа, до Јавното обвинителство беше покрената и друга постапка поврзана со спортот што се однесува на спортските ваучери, каде Антикорупциската комисија утврдила сомневања за злоупотреба и непочитување на ваучер-системот за финансирање на спортски клубови и фондации.
Поради сето ова, Левица бара од претседателот Димески да си поднесе оставка!
Левица како политичка партија која се залага за транспарентност и правда, бара и итна истрага и одговорност за сите наводни злоупотреби и финансиски малверзации кои се случуваат во Македонскиот олимписки комитет!
Јасно е дека е потребна промена на раководството за да се врати довербата на спортистите и јавноста во оваа институција.
Во интерес на спортот и спортската иднина на Македонија, ќе се бориме против сите форми на криминал и корупција и ќе се бориме да обезбедиме праведен и транспарентен систем за сите граѓани.